Џентлмените од Билбао – Атлетик му го продолжи договорот на Јерај Алварес до 2026 година

Јерај Алварес ја доби најважната животна битка и, за среќа, успешно мина со третманот на ракот на тестисите, а денеска има и причина за да прослави уште еден убав момент бидејќи го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2026 година.

Стоперот на Атлетик Билбао поради ракот не настапи на ЕП во Полска до 21 година пред две лета и не играше против македонската репрезентација, но, за среќа, успешно се излечи и игра стандардно за Атлетик и е еден од најдобрите стопери во Шпанија.

Тоа му донесе продолжување на договорот со Атлетик, клуб кој одреди и отштетна клаузула од 70 милиони евра за евентуален предвремен трансфер на Јерај во друг клуб. Клубот од Билбао беше комплетно со максимална поддршка за својот играч и во најтешките моменти во неговиот живот, а и тогаш му нудеа доживотен договор.

- Оглас -

Најнови вести