Џерард: Гатузо е силен само на зборови, на терен беше како исплашено маче!

Поранешниот долгогодишен капитен на Ливерпул, а сега тренер на Глазгов ренџерс, Стивен Џерард, се присети на финалињата на Лигата на шампионите против Милан во 2005 и 2007 година. Се разбира, повеќе сака да се сеќава на пресметката во Истанбул во 2005 година, кога Ливерпул на пенали славеше откако по 120 минути игра беше 3-3, а Милан на полувреме водеше со 3-0.

Џерард се сеќава и на дуелите со Џенаро Гатузо, актуелниот тренер на Наполи, а некогаш играч на Милан познат по својата борбеност и пожртвуваност на теренот. Но, Џерард мисли дека популарниот Рино е само фалбаџија и не е таков каков што се претставува.

„На полувремето во соблекувалната вриев од нервоза. Многу бев лут кога се сетив како ни се смееше Гатузо. Си помислив, овие веруваат дека работата е готова, но погрешија. За мене, Гатузо е само фалбаџија, некој што агресивно ги употребува зборовите, само тоа знае. Во реалноста тој беше исплашен како мало маче. Го бива само за пред публика, за шоу“, изјави Џерард.

 

 

- Оглас -

Најнови вести