Фудбалерите и ракометарите на Вардар в сабота заедно ќе ги слават титулите

Фудбалскиот клуб на Вардар в сабота, по дербито против Шкендија ќе го добие заслужениот трофеј наменет за шампионот на Македонија. Недостижни шест бода повеќе има Вардар пред Шкендија, па дуелот кој од 18 часот ќе се игра на 23 мај на арената „Тодор Проески“ ќе биде со шампионски сјај за најтрофејниот клуб.

По завршување на мечот, Вардар ќе го добие трофејот, а потоа од 20 часот ќе биде прославата на „Школка“ во Градски парк. На таа прослава ќе бидат и ракометарите на Вардар кои по три години пауза ја вратија шампионската титула во своите витрини.

Едноставно сабота вечер ќе биде резервирана за вардарово славје.

- Оглас -

Најнови вести