Џерард не е најдобриот без титула во Премиерлигата, пред него е една поголема легенда

Британски „Скај спортс“ направи листа на најдобри фудбалери кои оставиле свој печат во англиското првенство, но никогаш не ја освоиле титулата, и првото место му припадна на бившиот капитен на Вест Хем и англиската репрезентација, Боби Мур. Во 1966 година, Мур ја освои светската титула, а со Вест Хем триумфираше во Купот на победниците на куповите, еднаш беше и втор во изборот за најдобар фудбалер на светот, но никогаш не стана првак во англиското првенство.

Второто место зад Мур го доби екс капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, додека трети е Пол Гаскоњ кој играше за четири различни клубови. Верувале или не, без титула во Англија се и Џеф Харст, Гери Линекер, Џими Гривс, Глен Ходл, Џејми Карагер, Џанфранко Ѕола и Мет Ле Тисие.

Аналитичарите на „Скај спортс“ направија листа од 50 најдобри фудбалери без титула во Англија. Освен првите 10, на списокот има и сдруги интересни имиња како Роби Фаулер, Паоло Ди Канио, сер Стенли Метјуз, Гордон Бенкс, Чави Алонсо, Стив Мекманаман, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести