Не е Овенс, ама има спринт како легендата – Џеси Лингард држи фудбалски час, погодува, асистира и опасно дрибла (Видео)

Џеси Лингард одигра велемајсторски во првото полувреме на „Молињу“ и апсолутно доминираше во дресот на Вест хем против Вулверхемптон, а ги скроти Волците и учествуваше во сите акции за трите гола со кои гостите водат со 3:1.

Најпрво во шестата минута тргна во спринт во стилот на легендарниот имењак и голема легенда во атлетиката Џеси Овенс и му донесе предност на Вест Хем од 1:0, а потоа продолжи да воодушевува со брилијантни потези.

https://twitter.com/noormadey160/status/1379156671289769985?s=20

Во 14-тата минута Лингард на прекрасен начин го надитри Нелсон Семедо и ја креираше акцијата за 2:0 за гостите. Џеси игра како позајмен играч за Вест хем, откако беше вишок во Манчестер јунајтед, клуб кој најави дека ќе го врати во своите редови веќе ова лето.

https://twitter.com/HenryTJourno/status/1379157535932956672?s=20

Третиот чин во маестралниот фудбалски час на Лингард на „Молињу“ се случи во 38-мата минута, кога му асистираше на Џерод Боувен за трет погодок на Чеканите. Џеси повторно беше во полн спринт, а домашните играчи само немоќно го следеа, па на Боувен не му беше тешко да погоди.

https://twitter.com/AllezAllezAIlez/status/1379160806642872321?s=20

Леон Дендонкер го постигна единствениот гол за Вулверхемптон во првото полувреме, што заврши со резултат 1:3.

 

 

- Оглас -

Најнови вести