Дербито во НХЛ е меѓу два славни клуба, головите се најдобра опција за добитен тикет

8349 Бостон бруинс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)

Отава игра уште една бледа сезона и е на претпоследното место во Источната конференција во НХЛ-лигата, а непријатно изненадување е и Бостон, со една позиција над нив и само со 10 бода од девет меча.

За Бруинс се очекуваше да бидат кандидати за плејоф, но засега се далеку од позициите што водат во разигрување за титулата, иако сè уште е рано.

Отава со години по ред не игра во плејофот и клубот постојано е во криза, а и сега ситуацијата е иста. Имаат четири порази по ред, а што е уште полошо, му гостуваат на тим кого не го победиле на гости на пет меча по ред.

Гостите имаат и 7 хокеари чиј настап е неизвесен и им се заканува нов пораз.

Предлог тип: 1&5+ (2.03)

 

8353 Детроит редвингс – Едмонтон ојлерс (НХЛ, 01.30 часот)

Двете екипи имаа славни периоди во најсилната хокејска лига на светот, а сега се обидуваат да се вратат на патеките на успехот.

Детроит е поуспешен и со 11 шампионски круни е вториот најтрофеен клуб во историјата, а се памети доминацијата на фантастичните Црвени крилја од периодот на последните години од минатиот век и почетокот на овој милениум, кога Фетисов, Федоров, Ајзерман, Ларионов и останатите големи ѕвезди на Детроит освоија четири титули за 11 години.

Сега Редвингс се во процес на обнова на тимот и тешко се пробиваат до плејофот, а титулата е недостижна од 2008 година.

И Едмонтон имаше свои блесоци предводен од легендарниот Вејн Грецки дури со пет титули во периодот од 1984 до 1990 година.

Сега навивачите на Ојлерс се надеваат на враќање на тие денови, а хокеарите на Едмонтон одлично ја почнаа сезоната со 9 победи и само еден пораз.

Гостите се фаворити, но Детроит има многу солиден тим и подобро е да се типува на голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.60)

 

8001 Филаделфија 76 – Милвоки бакс (НБА, 01.30 часот)

Филаделфија е хендикепирана без трите големи ѕвезди во тимот, Џоел Ембид, Тобијас Херис и Бен Симонс.

Од нив можно е да игра само Ембид, кој не настапи ноќеска во поразот од Њујорк никс.

Без ова трио, 76-те се просечен тим и немаат капацитет да му се спротивстават на актуелниот првак.

И во подобрите времиња, односно во последно време Филаделфија губеше редовно од Елените, кои сега имаат топ-тим, иако одбраната на титулата ја почнаа со скромен биланс од 4 победи и шест порази.

Милвоки има пет победи по ред против ривалот од Источната конференција и ќе типуваме дека ноќеска ќе ја продолжи убавата серија.

Предлог тип: 2 (1.48)

 

8374 Јута џез – Атланта хоукс (НБА, 03 часот)

Јута одлично ја почна сезоната, но сега има два порази по ред и не смее да си дозволи и трет, што би било најава на криза.

Џезерите во последно време редовно ја газат Атланта и имаат четири победи по ред во меѓусебните дуели.

Хоукс стартуваа прескромно во однос на тимот што го имаат и билансот од 4 победи и 7 порази не му прилега на екипа што ги има Јанг, Колинс, Капела, Богдановиќ…

Јута подолго време не може да смета на Мајк Конли, кој е важна алка во тимот, но, сепак, се во малку подобра форма од ривалот и имаат поквалитетен тим и ќе победат во меч со многу кошеви.

Предлог тип: 1>221.5 поени (2.75)

 

8375 Лос Анџелес клиперс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 04 часот)

Клиперс се држат добро на стартот од новата сезона ако се знае дека играат без главната ѕвезда Кавај Ленард.

Засега одлично диригира вториот Олстар-кошаркар во тимот, Пол Џорџ, кој е четврти стрелец во НБА-лигата со просек од 27 поени.

Клиперс имаат еден пораз помалку од Портланд, односно 5-4, за разлика од гостите кои се на 50 отсто успех со ефект 5-5.

Трејлблејзерс можат и подобро, но некако сè уште во препознатлив стил не заиграл Демиен Лилард.

Првата ѕвезда на тимот има просек од 18,5 поени, што не е негов стандард и е за десеттина поени помалку од вообичаениот просек.

Портланд има одлична прва петорка, но засега не е во рамките на очекуваното, а му доаѓа на гости на тим што не го победил во Лос Анџелес на последните четири гостувања.

Предлог тип:1 (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести