Џезерите од Јута ќе бидат предводени од најмладиот активен тренер во НБА

Јута џез по девет години го заменува тренерот Квин Снајдер со Вил Харди. Харди така ќе стане најмлад активен тренер во НБА-лигата само со 34 години, а треба да потпише петгодишен договор со франшизата од Солт Лејк сити.

До изминатава сезона Харди му беше десна рака на Име Удока во Бостон селтикс, актуелниот вицешампион на НБА, додека во тренерските води влезе како аналитичар за Грег Попович во Сан Антонио спарс.

- Оглас -

Најнови вести