Џикиќ фати ритам со Будуќност – По ЦСКА, падна и Задар во АБА-лигата

Александар Џикиќ полека, но сигурно го реди победничкиот мозаик на Будуќност, а неговата екипа ја прокнижи четвртата победа по ред во АБА-лигата.

Поранешниот македонски селектор со своите избраници лесно го освои Задар и славеше во салата „Крешимир Ќосиќ“ со 89:69.

По подвигот во Евролигата и триумфот против ЦСКА Москва, Будуќност одигра уште еден одличен меч. Странците во составот на тимот од Подгорица, Џексон и Кларк, со заеднички ефект од 31 поен ги предводеа гостите до седмата победа во АБА-лигата.

Будуќност сега е на второто место со 7 победи и два порази, зад Црвена ѕвезда со максимален учинок. Македонија годинава по подолго време нема свој претставник во Регионалното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести