Џикиќ по сензацијата во Подгорица: Вербата нѐ понесе

Шампионот на АБА лигата вчера направи сензација во Подгорица, совладувајќи ги рускиот гигант, ЦСКА Москва со 93:92. Предводникот на Будуќност, Александар Џикиќ, посочи дека неговите кошаркари веруваа во триумф, иако на паузата заминаа со негатива од 14 поени, но тоа не ги спречи да го запишат вториот триумф сезонава во Евролигата, а воедно да ја нанесат првата болка на „армејците“.

„Се гордеам со оваа екипа, пружи максимум за да направи сензација. Се боревме до последниот здив, одбивме да се предадеме пред почетокот на дуелот, одбивме да се предадеме иако на полувреме губевме со 14 разлика од еден гигант како што е ЦСКА. Одлично ја завршивме работата во одбраната, а потоа ни тргна и во нападот. Погодовиме неколку тешки шутеви, во неколку моменти немавме среќа, но таа ни се насмевна кога беше најпотребно. Се вели дека среќата ги следи храбрите, а ние бевме многу, многу храбри во овој дуел. Верувавме дека можеме да парираме на ЦСКА. Бевме конкурентни речиси на сите мечеви досега. Верувавме во нас, а вербата ни донесе ваков триумф“, истакна Џикиќ по мечот.

Победата на Будуќност против ЦСКА значи дека нема веќе непоразени екипи во Евролигата, откако завчера Олимпијакос стави крај на доминацијата на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести