24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Џо Харт може да биде наследникот на една голема легенда на голот на поранешниот европски првак

Поранешниот англиски репрезентативен голман Џо Харт е пред трансфер во Порто. Според најавите, Харт треба да го наследи Икер Касилјас на голот на некогашниот европски првак. Касилјас пред два месеци доживеа инфаркт на тренинг и тоа значеше и крај на неговата кариера. Шпанецот сега е дел од стручниот штаб на Порто.

Минатата сезона Харт бранеше за Барнли, но најави дека ќе го напушти тимот. Пред да брани за Барнли, Харт помина 12 години во Манчестер сити, со кого ги освои сите најважни трофеи во Англија, а успеа да забележи и над 100 натпревари на кои не прими ниту еден гол.

Харт има и 75 настапи за репрезентацијата на Англија. Освен Порто, за Харт се интересираат и Астон вила, Борнмут и Блекбурн.

 

- Оглас -

Најнови вести