Алегри е луд по Елмас, растат шансите на Дијамантот да остане во Наполи

Масимилијано Алегри, кој е главен фаворит за преземање на тренерското место во Наполи, како и сите модерни тренери, е луд по разновидни играчи кои се жртвуваат за тимот без никогаш да отворат уста или да предизвикаат контроверзии, по играчи кои знаат како да се прилагодат на сите ситуации во играта, ставил до знаење дека е луд по Елиф Елмас.

Неодамна се шпекулираше дека ако Алегри дојде во Наполи, ќе го донесе и Адриен Рабио од Милан, а тоа може да значи заминување на Елмас, кој сезонава играше како позајмен во Наполи.

Наполи го продаде Елмас на Лајпциг за 24 милиони евра во јануари 2024 година, но нашиот Дијамант не се прилагоди на својата нова улога во Германија. Во зимата 2025 година, тој беше позајмен на Торино и уживаше во возбудлива втора половина од сезоната во Серија А, што му донесе повик од Наполи. Наполи го врати за време на минатогодишниот летен преоден рок на позајмица од 2 милиони евра, со опција за откуп од 17 милиони евра. Ова се смета за многу висока сума и клубот нема намера да ја плати.

Македонскиот фудбалер ќе биде вратен во неговата матична база, Лајпциг. Но, неговото срце чука за Наполи. Италијанскиот клуб има стратегија: да го врати, но по пониска цена од тие 17 милиони, искористувајќи ја желбата на Елиф да се врати во дресот на тимот од Неапол.

Според информации од Италија, Наполи верува дека покрај оние 2 милиони евра што веќе ги плати за позајмицата, подготвен е да понуди уште околу 8-9 милиони евра за да го откупи Елмас.

 

- Оглас -

Најнови вести