Фудбалската експедиција со нов авион вечерва треба да пристигне во Скопје

Македонската фудбалска експедиција се очекува вечерва да се врати од гостувањето во Истанбул. Нашата репрезентација синоќа загуби со 4:0 во контролен меч од Турција, а денеска попладнево требаше да се врати во Скопје.

Сепак, поради технички проблеми со авионот со кој требаше да патуваат, непосредно по полетувањето од аеродромот во Истанбул, авионот бил принуден да се врати и повторно да слета во местото од каде што тргна 20-тина минути претходно. 

Според најновите информации, македонската фудбалска експедиција вечерва со нов авион ќе треба да се врати во Скопје, а проценките се дека авионот ќе полета околу 20 часот по турско време (19 часот по македонско), што значи за малку повеќе од еден час треба да очекуваме да слета на аеродромот во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести