Џорџ Расел го искористи подарокот и победи на ГН на Австрија

Џорџ Расел на Мерцедес е победник на трката за ГН на Австрија откако на седум круга пред крајот дотогаш водечкиот Макс Верстапен имаше судир со Ландо Норис. Актуелниот шампион го загуби првото место и на крајот мораше да се задоволи со петтата позиција во поредокот.

Второто место му припадна на Пјастри во болидот на Мекларен, додека подиумот го надополно Саинц на Ферари.

Луис Хамилтон заврши на четвртото место, Ферстапен беше петти, додека во топ 10 уште се најдоа и Хулкенберг, Перез, Магнусен, Рикардо и Гасли.

 

На стартот Верстапен ја поведе трката после пол – позицијата, пред Ландо Норис, а Луис Хамилтон успеа да го мине Џорџ Расел. Но, на крајот, сепак, токму Расел се радуваше на триумфот.

- Оглас -

Најнови вести