Џошуа со брутален нокаут го реши Хелениус (Видео)

Ентони Џошуа ја оправда фаворитската улога и со нокаут во седмата рунда го победи Роберт Хелениус, на бокс мечот кој беше во Лондон. Британскиот боксер требаше во рингот да влезе против Дилејн Вајт, кој на последните контроли беше позитивен на допинг тестот, па Хелениус влезе како замена.

Џошуа беше внимателен во текот на борбата, не сакаше да си дозволи кикс, а откако успеа и малку повеќе да го умори Финецот, во седмата рунда тргна во напад кој се покажа како клучен. Со брутален десен директ, Британецот го испрати противникот на подот и судијата веднаш знаеше дека тоа е крајот.

https://twitter.com/i/status/1690496110354173953

За Џошуа ова беше 26-та победа во 29-тиот меч во кариерата. Следен предизвик треба да му биде Деонте Вилдер и тоа во јануари следната година. За Хелениус ова беше петти пораз во кариерата во која има и 32 победи.

- Оглас -

Најнови вести