Џоу: Ореолот на болидот ми го спаси животот!

Гуанжу Џоу, кинескиот Формула 1 пилот кој вчера на „Силверстоун“ имаше страшен инцидент, рече дека ореолот на болидот, популарно наречен хало, кој е нов додаток, му го спасил животот. Џоу најави дека ќе се трка следната недела во Австрија.

Џоу, кој вози за Алфа Ромео, во првиот круг од трката се судри со Џорџ Расел, кој загуби контрола откако претходно Пјер Гасли удри во него. Болидот на Џоу се преврте на кров, го прелета песокот покрај патеката и на крајот се заглави во близина на гледалиштето, меѓу заштитната ограда и оградата направена од гуми.

За среќа, Џоу не е повреден. Тој им се заблагодари на сите за пораките за поддршка што ги добил и додаде дека ореолот го спасил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести