Ди-Џеј јуниор во Денвер потсети на славните времиња на Мајкл Џордан (Видео)

Чиаго булс по долг период има екипа што може да атакува на титулата, а ноќеска 24-годишниот Дерик Џонс со атрактивно забивање потсети на славната ера на Биковите, кога со Мајкл Џордан освоија шест титули во период од 7 години.

Популарниот Ди-Џеј имаше многу атрактивно забивање во стилот на Ем-Џеј, а Чикаго го победи и Денвер на гостински терен со 114:108 и со Мајами хит е на делба на второто место во Источната конференција со биланс од 11 победи и пет порази.

Џонс постигна 16 поени и имаше 8 скока, а Булс до нова победа ги предводеше извонредниот тандем, Зак Лавињ со 36 поени и Де Розан со 26 поени.

- Оглас -

Најнови вести