Ди Франческо заврши со Рома, Раниери ќе го замени

Раководството на Рома во доцните полноќни часови по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите донела одлука да го смени тренерот Еузебио ди Франческо, а сега Клаудио Раниери е прв пик за да го замени.

Италијанските медиуми објавија дека Ди Франческо е веќе минато во Рома, но главен кандидат за да седне на жешкото столче беше Кристијан Панучи, една од легендите на Рома.

Сепак, како што објави „Калчомеркато“, во последен момент во прв план избил Клаудио Раниери, ексменаџерот на Фулам, кој доби отказ пред една седмица од англискиот премиерлигаш.

Ди Франческо одамна е цел и на навивачите на Рома, но и на медиумите, кои постојано го менуваа, но се чини сега му нема спас. Поразот од Лацио во римското дерби и особено елиминацијата од Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе го чинат заминување од Рим.

- Оглас -

Најнови вести