Ди Марија ги одбра најдобрите петмина со коишто играл, ги нема Роналдо, Нејмар и Мбапе

При набројувањето на петте најдобри фудбалери со коишто играл заедно, Аргентинецот Анхел ди Марија не ги спомна Кристијано Роналдо, Нејмар и Килијан Мбапе. Со Роналдо играше заедно во Реал, а Нејмар и Мбапе му се актуелни соиграчи во ПСЖ.

Ди Марија на прво место го смести сонародникот Лионел Меси, на второ Марко Верати, на трето Златан Ибрахимовиќ, а на четврто и петто место Лука Модриќ и Тони Крос.

„Можев да го ставам и Кристијано на оваа листа, но тој е играч на кој му треба простор. Јас повеќе сакам играчи кои може да се снајдат на тесен простор на теренот, такви се Лео, Верати и Модриќ“, објасни Ди Марија.

- Оглас -

Најнови вести