Ди Марија ги провоцираше навивачите на Манчестер, но сега поради англискиот клуб може да добие отказ од ПСЖ

Анхел ди Марија и Единсон Кавани се двете големи ѕвезди кои би требало да си заминат од Пари Сен Жермен на крајот од сезоната. Според најавите, сопственикот на „светците“ ќе прави реконструкција на екипата, а во плановите за останување ќе ги нема Ди Марија и Кавани.

Од продажбата на Ди Марија и Кавани, ПСЖ очекува да заработи 80 милиони евра, а договорот нема да му биде продолжен ниту на Дани Алвеш. Отказ ќе добие и спортскиот директор Антеро Енрике, па ќе се крои нова тактика за тоа како да се стигне до поголем успех во Лигата на шампионите за следната сезона.

ПСЖ имаше очајна недела, откако на домашен терен претрпе пораз од 3:1 во реванш мечот со Манчестер јунајтед и на тој начин беше елиминиран во Лигата на шампиони. Францускиот првак имаше предност од 2:0 ја првата средба, а Ди Марија беше еден од оние кои најмногу се радуваше, па дури и провоцираше кон навивачите на неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Ди Марија изјавуваше дека бил многу среќен кога си отишол од Манчестер, но сега токму поради пораз од тој Манчестер може да си замине и од ПСЖ, но сигурно поради тоа нема да биде многу среќен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести