Ди Марија го претрка Гигс – Листата со најдобри асистенти во ЛШ е легендарна

Анхел ди Марија играше само едно полувреме за Пари Сен Жермен против Башакшехир, но и тоа му беше доволно за да го престигне Рајан Гигс на вечната листа со најдобри асистенти во Лигата на шампионите.

Крилото на Светците успешно им додаваше на Нејмар и на Мбапе и со две асистенции стигна до бројка од 32 прецизни додавања за гол на соиграчите, со што е на третото место, зад Роналдо и Меси, а од вечерва пред Гигс.

Вечната листа изгледа импресивно со светски фудбалски легенди во Топ-10, а прв е Роналдо со 41 асистснеција, пред Меси со 36.

Трет сега е Ди Марија со 32, пред Гигс со 31 и Чави Ернандес со 30. Во Топ-10 се и: Андрес Иниеста со 29 прецизни додавања за погодок, Нејмар со 27, колку што има и Карим Бензема, а по 26 имаат Сеск Фабрегас, Златан Ибрахимовиќ и Луис Суарес.

- Оглас -

Најнови вести