Ди Марија и Погба е тандемот што го чека Јувентус, ќе бидат фудбалери на Старата дама до крајот на неделата

Анхел ди Марија и Пол Погба наскоро ќе бидат во Торино и до крајот на оваа седмица ќе потпишат договори со Јувентус.

За Погба, кој се врежа во редовите на Старата дама, веќе е објавено дека ќе допатува во сабота во Торино и ќе ги заврши формалните работи со договорот и пак ќе игра за најтрофејната екипа во Италија.

Францускиот ас повторно од Манчестер јунајтед доаѓа во Јувентус како и првиот пат – без отштета.

Слично ќе биде и со Ди Марија, а Аргентинецот се сели од Пари Сен Жермен во Јувентус, се најавува негово доаѓање до недела, а ќе потпише едногодишен договор со Старата дама како слободен агент и без отштета за ПСЖ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести