Ди Марија има нов клуб, но нема да му биде соиграч на Меси (Фото)

Анхел ди Марија кариерата ќе ја продолжи во Бенфика, клубот каде што и започна неговата европска авантура. Ова го тврди Фабрицио Романо, иако договор официјално не е потпишан.

Сето ова би значело крај на шпекулациите дека Ди Марија ќе му биде соиграч на Лео Меси во Интер Мајами. Светскиот шампион со Аргентина од Катар на крајот се одлучи да остане во Европа и веројатно само да ја одложи преселбата на друг континент.

Анхел ди Марија минатото лето пристигна во Јувентус како слободен фудбалер од ПСЖ, а сега на ист начин се сели во Бенфика откако заврши неговиот едногодишен договор со Старата дама.

- Оглас -

Најнови вести