Дибала бара поголема плата од таа на Погба

Пауло Дибала, крилото на Јувентус, не може да се договори со раководството на Манчестер јунајтед, па сега своја шанса да го ангажира Аргентинецот гледа и Интер, кој исто така е во трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пишуваат дека главна пречка пред склучувањето на зделката се огромните финансиски претензии на играчот, кој бара плата од 350.000 фунти неделно, што е поголема од таа на Пол Погба, кој зема 300 илјади фунти на секои седум дена. И Ромелу Лукаку го чека расплетот бидејќи за него се интересираат и Јувентус и Интер.

Се шпекулира дека Дибала намерно прави така бидејќи не сака да се пресели во Премиер лигата, туку чека понуда од Интер. Шефот на Нераѕурите, Бепе Марота, беше една од главните причини што Дибала премина од Палермо во Јуве пред неколку години, а сега Марота сака да го донесе во Милано.

 

- Оглас -

Најнови вести