Дибала беше МВП, па сега бара поголема плата

Агентот на Пауло Дибала, Хорхе Антун, пристигна во Торино за да се сретне со претставници на Јувентус околу продолжување на договорот на неговиот клиент со Старата дама.

Дибала во минатата сезона како клучен човек му помогна на Јуве да ја освои деветтата титула по ред во Серија А, па со полно право бара поголема плата, според медиумите, 10 милиони евра годишно. Договорот на Ла Хоја со Јуве истекува во јуни 2022 година и се бара начин за одглавување на преговорите за нов повеќегодишен договор.

Се шпекулира дека на маса е понуда за договор до 2025 година. Сегашната плата на Дибала е 7,5 милиони годишно. Ако добие десет милиони годишно, ќе биде втор најплатен играч во тимот по Кристијано Роналдо. Од Јуве се ваделе на пандемијата и не биле расположени да му дадат повеќе од девет милиони, но присуството на агентот на Дибала во Торино е знак дека договорот е блиску.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести