Давид Алаба пред трансфер во Милан

Италијанскиот гигант Милан одржал разговори со влијателниот агент Пини Захави во обид да обезбеди засилувања од највисоко ниво во претстојниот трансфер период.

Првичните разговори биле насочени кон Роберт Левандовски, но потоа фокусот се префрлил на друг клиент на Захави, Давид Алаба, кој се појавува како потенцијална цел на Милан.

Договорот на 33-годишниот дефанзивец со Реал Мадрид е при крај, а играчот ќе мора да ги разгледа опциите за можен последен голем трансфер во својата кариера.

Раководството на Милан го гледа австрискиот репрезентативец како фудбалер кој може да ја засили одбраната на тимот со своето искуство и квалитет, пишуваат италијанските медиуми. Тој би дошол како слободен агент.

- Оглас -

Најнови вести