Дибала блесна со два гола за Рома, Интер без мака до победа (Видео)

Рома и Интер ги израдуваа своите навивачи и без многу проблеми славеа во дуелите со Монца, односно Кремонезе, во мечеви од четвртото коло во Серија А. Новото засилување за Рома, Пауло Дибала, конечно се израдува на погодоци, и тоа два на „Олимпико“.

Дибала прво погоди за 1:0 во 18-тата минута и го најави триумфот на Римската волчица.

Неполни 15 минути по првиот гол, Дибала се израдува и вторпат, кога погоди за 2:0 и потврди дека ова ќе биде лесна победа на тимот предводен од Жозе Мурињо.

Во второто полувреме за Рома погоди и Ибанез за 3:0.

Интер на „Џузепе Меаца“ со 3:1 го победи Кремонезе. Кореа ја отвори гол-низата со погодок во 12-тата минута, а пред крајот на првиот дел Барела постигна еврогол, кој може да го погледнете ТУКА.

Леотаро Мартинез донесе трета радост за фановите на Интер со погодокот во 76-тата минута, а гостите во последните моменти од мечот постигнаа почесен погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести