Дибала е феномен, често е резерва, а направи нешто што не му успеало на никој друг

Јувентус на убедлив начин го елиминираше Удинезе од Купот на Италија, и чека вечерва да играат Парма и Рома за да го дознае својот ривал во четвртфиналната фаза. Еден од четирите гола на Јуве беше дело на Пауло Дибала, кој покажува дека е можеби и најдобриот играч на Старата дама кога го нема Кристијано Роналдо.

Дибала ја имаа таа несреќа тренерите и селекторите да го ставаат во втор план бидејќи игра на иста позиција со Роналдо во клубот и со Меси во националниот тим, но сепак најпрофесионално си ја врши работата и игра одлично кога ќе добие шанса.

Дибала е единствениот фудбалер од Серија А кој сезонава има дадено гол во четири различни натпреварувања. Аргентинецот погодуваше во првенството, Лигата на шампионите, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. Ни Роналдо нема голови во сите овие натпреварувања, што покажува колку Дибала е корисен за тимот. Но, Јувентус го купи и Дејан Кулушевски кој може да игра како крило, па прашање е колку долго Дибала ќе сака да истане во редовите на италијанскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести