Дибала е подготвен да биде лидер на Јувентус

Еден од најдобрите италијански фудбалери во историјата и легенда на Јувентус, Алесандро дел Пјеро, го одбра  фудбалерот кој во иднина треба да ја носи капитенската лента во редовите на Старата дама. Тој смета дека Пауло Дибала е подготвен да биде лидер на тимот откако покажа голем напредок во изминативе месеци, пред да се случи прекинот поради пандемијата со Коронавирусот.

Иако минатата сезона се наоѓаше на излезна врата, Дибала се смени позитивно и повторно се покажа како важна алка во составот на актуелниот италијански првак.

„Дибала веќе во неколку наврати ја имаше одговорноста да ја носи капитенската лента. Штом во Јувентус му ја доверија таа одговорност, значи дека го ценат како играч и личност. Пауло најдобро го покажа својот карактер во турбулентниот период, кога беше тема за медиумите и евентуално заминување од Торино. Знаејќи го лично, сметам дека во изминатиот период се смени на подобро и е подготвен да биде лидер на екипата“, истакна Дел Пјеро, кој своевремено исто така беше капитен на Бјанконерите.

Веќе долги години Џорџо Кјелини ја има таа улога во Јувентус, а во периодот кога искусниот стопер беше надвор од терените поради повреда, капитенската лента ја носеше Бонучи, но и во неколку наврати Дибала. Инаку Аргентинецот беше еден од членовите на Јуве кои се заразија со Коронавирусот, но моментално ситуацијата со неговото здравје се подобрува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести