Дибала е подготвен да потпише за Барселона, но само под еден услов

Пауло Дибала е подготвен налето да ја напушти Рома и да се пресели во Барселона само ако шпанскиот тим изрази желба за негов ангажман. Според каталонскиот весник „Спорт“, Дибала преку својот агент ѝ се понудил на Барселона.

Засега Аргентинецот не е приоритет за управата на Барселона, но со оглед дека налето ќе биде достапен само за 12 милиони евра отштета, нема да биде изненадување доколку претседателот Жоан Лапорта се одлучи да го донесе на „Камп ноу“.

Наводно Дибала нема да прави проблем за платата со цел дополнително да го оптоварува буџетот на Барселона, која се наоѓа во финансиска криза.

- Оглас -

Најнови вести