Дибала е подготвен, конечно и тој се враќа на тренинг

Еден од најдобрите играчи на Јувентус, Пауло Дибала имаше долга борба во која на крајот излезе како победник со опасниот Коронавирус. Аргентинецот повеќе од 40 дена беше заразен и мораше да остане во домашна самоизолација, но од неколку дена стигна информацијата дека Дибала веќе не боледува од Коронавирусот.

Напаѓачот на Јувентус конечно доби дозвола да излезе од својот дом. Беше во клупските простории каде ги поминал лекарските прегледи и доби дозвола да се приклучи на тренинзите на екипата. Поради долгиот период на изолација поминат без никакви физички активности, Дибала најпрво ќе започне со индивидуални тренинзи за да ја врати концидицата и физичката сила, а потоа ќе се приклучи на своите соиграчи.

 

- Оглас -

Најнови вести