Дибала е „златно момче“ на Рома (Видео)

Рома донесе нова радост на навивачите на „Олимпико“, откако со 2:0 победи против Фиорентина, во меч од 18 коло на Серија А. Со оваа победа Рома стигна до 34 бодови и се израмни со Аталанта и Лацио кои се на позиции што носат место во Европа за следната сезона.

Фиорентина даваше отпор во почетниот дел од мечот, но откако во 24 минута остана без исклучениот Додо, Рома ја презема иницијативата и тоа резултираше со погодок и тоа во 40 минута кога погоди Пауло Дибала.

 

Аргентинецот се покажува дека е главен адут на Жозе Мурињо, а тоа го потврди и пред крајот на мечот. Дибала постигна уште еден гол, кога во 82 минута зголеми на 2:0 и беа решени сите дилеми кој ќе победи.

 

- Оглас -

Најнови вести