Дибала го одбрал новиот клуб и решил да не игра во Лигата на шампиони

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала повеќе од еден месец е слободен играч, откако реши дека е време да си замине од Јувентус. Напаѓачот е во потрага по нов клуб, а најверојатно дека ќе остане во Италија.

Најавите беа дека Интер е најблиску до потпис со Дибала, потоа во трка влезе и Наполи, а најновите шпекулации се дека Аргентинецот ќе стави потпис на договорот со Рома.

Комбинацијата е Рома да го продаде Николо Заниоло и на тој начин да се отвори простор за договор со Дибала. Аргентинецот би потпишал договор на четири години и по сезона ќе заработувал по шест милиони евра, пари кои не можеше да му ги обезбедија челниците на Старата дама.

- Оглас -

Најнови вести