Дибала ја храни Волчицата со оптимизам – Аргентинецот ќе игра под команда на Мурињо до 2025 година (Фото)

Пауло Дибала веќе се договори со Рома и ќе биде големо засилување за Волчицата, а се очекува да стави потпис што ќе биде важечки до 2025 година.

Аргентинецот доаѓа во клубот од Рим како слободен фудбалер, откако мина 7 години во Јувентус.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1548931928316862465?s=20&t=Gf-2wMXgfi_1CDAEQd2jeg

Аргентинецот преговараше со неколку клубови, но личните услови беа превисоки за сите заинтересирани екипи, па на крајот одлучи да ја прифати понудата на Рома, најмногу благодарение на упорниот Жозе Мурињо.

Навивачите сега се полни со оптимизам дека со Дибала во тимот ќе можат да конкурираат за Скудетото, што го немаат освоено од 2001.

Рома е осмиот најтрофеен клуб со 3 титули, а дури 14 пати беа вицешампиони на Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести