Дибала ја „отвори душата“ и откри зошто решил да потпише за Рома

По седум години поминати во Јувентус, Пауло Дибала реши дека е време да најде нов предизвик, а од вчера е јасно дека тој предизвик се вика Рома. Аргентинскиот репрезентативец потпиша договор со Римската волчица и откри зошто го одбра тимот од „Олимпико“.

„Деновите кои беа пред потпишување на овој договор беа исполнети со емоции за мене. Разликата што ја направи Рома во однос на останатите клубови е брзината и одлучноста која ја покажаа во желбата да ме имаат во своите редови. Се приклучувам во тим кој расте, кој има солидни темели за добра иднина, а тука е и тренерот Жозе Мурињо, со кого е привилегија да се работи“, рече Дибала.

Дибала вели дека и кога играл како ривал на Рома на „Олимпико“, посебно се восхитувал на атмосферата која ја создаваат навивачите.

„Навивачите на Рома прават фантастична атмосфера и со нетрпение чекам да се претставам во новиот дрес“, рече Дибала, кој ќе го носи дресот со бројот 21.

Дибала во дресот на Јувентус во претходните седум години одигра 293 меча, во кои постигна 115 погодоци, а имаше и 48 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести