Дибала покажа како се вежба во домашни услови (Фото)

Фудбалерите на Јувентус веќе неколку дена се во куќна изолација откако беше потврдено дека Даниеле Ругани е заразен со Коронавирусот. По Ругани, излегоа шпекулации дека и Пауло Дибала е заразен, но подоцна тоа беше демантирано.

Аргентинскиот голгетер на својот твитер-профил покажа дека не само што е добро, туку има и начин како да ја одржува формата. Дибала интензивно тренира во домашни услови и порача сите да продолжат да вежбаат и да бидат оптимисти со насмевка на лицето.

- Оглас -

Најнови вести