Дибала се откажа од златниот медал што го освои на Мундијалот во Катар!

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала направи несекојдневен потег откако одлучи да се откаже од златниот медал што го освои на Светското првенство во Катар. Гаучосите цели 36 години чекаа да стигнат до планетарниот трон, а Дибала беше дел од оваа златна генерација.

Сепак, напаѓачот не беше во прв план, па на првите пет меча остана само на клупата за резерви. Во полуфиналето против Хрватска ги одигра последните 17 минути, а во финалето против Франција во игра влезе во 120-тата минута за да биде дел од оние играчи што ќе шутираат пенал. Дибала го погоди пеналот и може да се каже дека има голема заслуга за златото, но сепак фудбалерот реши да го подари медалот.

Дибала, кој во јуни 2022 година потпиша за Рома, се одлучи златниот медал да го донира на клупскиот музеј.

- Оглас -

Најнови вести