Дибала се сели во Лондон?

Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала до крајот на зимскиот преоден рок би можел да ја напушти Серија А и да се пресели во Премиер лигата и тоа во редовите на Челси.

Италијанските медиуми пишуваат дека Сините се заинтересирани за фудбалерот на Рома чија откупна клаузула изнесува само 12 милиони евра.

Кога пристигна во Рома, Дибала инсистираше во договорот да се вметне откупна клаузула која би важела само за екипите надвор од Серија А и таа истекува на 15 јануари.

Сините имаат уште седум дека да ја известат Рома дека ќе ја активираат истата, ако претходно пронајдат заеднички јазик со фудбалерот кој треба да претставува решение за проблемите со реализацијата.

- Оглас -

Најнови вести