Дибала си оди од Рома: Дербито со Лацио веројатно ќе биде мојот последен меч на „Олимпико“

Дербито Рома – Лацио в недела веројатно ќе биде последен пат кога Пауло Дибала ќе настапи на „Олимпико“ во Рим. Самиот го кажа ова, засилувајќи ги шпекулациите дека ќе ја напушти Рома летово и ќе се пресели во Бока јуниорс.

Договорот на Аргентинецот истекува ова лето и досега немало разговори за негово продолжување.

„Мојата иднина? Вистината е дека ни јас не знам. Но, мојот договор завршува по овие последни два натпревари од сезоната. Единственото нешто што можам да го кажам е дека дербито со Лацио веројатно ќе биде мојот последен натпревар пред навивачите на Рома. Тоа е она што го пишува во договорот. Ќе видиме што ќе се случи на крајот од сезоната“, изјави Дибала.

Сепак, не е целосно исклучено да остане во Волчицата. Тренерот Гасперини го сака, но проблем се повредите кои го спречуваат Дибала да дава поголем придонес за тимот.

- Оглас -

Најнови вести