Дибала: Сите ние играме за Роналдо да дава голови

Дибала и Роналдо вчера го предводеа нападот на Јувентус против Болоња по смената на формацијата од страна на Макс Алегри. Аргентинецот го постигна првиот гол на мечот во победата од 2-0, додека Кристијано му асистираше на својот колега.

„Овој гол ми беше потребен, си ја вратив самодовербата. Напорно работам и сакам да играм што повеќе. Соработката со Роналдо ни се подобрува секој ден. Сите сме ентузијасти и играме за да му помогнеме да дава што повеќе погодоци, но мене не ми е важно кој ќе даде гол, само сакам тимот да победува“, истакна Дибала по мечот.

Во сабота Јувентус гостува на „Сан Паоло“, во големото дерби против Наполи, но Дибала не се грижи околу подготовките за таа средба.

„Најлесно е да се подготвиш за ваков натпревар, противникот ни е добро познат. Сите сме возбудени и посакуваме победа“, додаде Дибала.

По шест кола во Серија А, Јувентус има максимални 18 бода, додека Наполи е втор со заостаток од три бода.

- Оглас -

Најнови вести