Дибала закрепнува, но не и девојка му

Ѕвездата на Јувентус Пауло Дибала, пред неколку дена соопшти дека постепено закрепува од опасниот вирус и дека најтешкиот период го поминал. Аргентинецот ја заразил и неговата девојка Оријана Сабатини, па и двајцата беа на лекување.

Пред четири дена на Оријана и направиле нови тестови кои покажале повеќе нема коронавирус, а како превентива ја тестирале уште еднаш, па најновите резултати покажале дека повторно е позитивна на вирусот Ковид-19.

„Морам да ви соопштам бидејќи добив доста прашања. На 21 март јас и Пауло бевме позитивни на вирусот. Пред четири дена повторно направивме тестирања кои покажаа негативни резултати. За секој случај, се тестиравме уште еднаш и мојот тест покажа дека повторно имам коронавирус. Не знам како функционираат овие тестови, воопшто не ми е јасно како може пак да сум заразена, а веќе поминаа 15 дена откако ја надминавме болеста“, изјави Оријана.

Италија e најпогодена европска земја од пандемијата со повеќе од 124.000 заразени лица, додека над 15.000 ја загубија битката со вирусот.

- Оглас -

Најнови вести