Дибиров високо летна кон реми, Миклер и стативата го спречија (Видео)

Тимур Дибиров летна високо и упати добар удар за реми на Русија, но одличниот унгарски голман Ролан Миклер со помош на стативата спрелија реми.

Последниот напад го имаа Русите, мои еба на прагот на подвиг и освојување на еден бод, откако стопија негатива од 4 гола во последните десеттина минути, но Миклер беше подобар во директниот дуел со Дибиров што го одлучи и победникот. Ова се случуваше на 15 секунди до крајот на мечот, а резултатот остана непроменет и Унгарија победи со 26:25.

Дибиров имаше за него скромен учинок и постигна само три гола, а и во првото полувреме Миклер успеа да му одбрани на одличен начин во ситуација еден на еден.

Русија сега е во тешка ситуација во веријатно и најтешката група на ЕП 2020 година.

Популарните баќушки ќе треба да направат подвиг против Данска и да го победат и Исланд за да имаат реални шанси за пласман во втората фаза по групи.

- Оглас -

Најнови вести