Дибиров влезе во елитно друштво и е заедно до легендарните Лазаров и Карабатиќ

Тимур Дибиров од 2013 година со гордост настапува за Вардар, а со вчерашните девет гола тој влезе во клубот илјада.

Односно над илјада постигнати погодоци во европските натпреварувања, а најголем дел од нив, секако, се во Лигата на шампионите. Во ова друштво се само легендарните Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ.

Тимур стигна до бројката од 1.008 погодоци во својата кариера. Карабатиќ е на позицијата под број два со 1.091. Додека, пак, неприкосновен на врвот е нашиот селектор и капитен Кирил Лазаров, кој е убедливо напред со 1.462 погодоци во натпреварувањата под капата на ЕХФ.

Сепак, деветте погодоци на Тимур не беа доволни за да му донесат позитивен резултат на Вардар на гостувањето кај Алборг, каде што Црвено-црните на крајот загубија со 33:29.

- Оглас -

Најнови вести