Диего Форлан се повлече, старите мајстори потсетија дека класата е вечна (Видео)

Прекрасно додавање преку целата одбрана од Хуан Роман Рикелме до Диего Форлан, овој ја смирува топката и дава повратна со Диего Милито на кого не му е тешко да даде гол. Ова не е акција која се случи пред 10 или 15-тина години, туку синоќа, на мечот на кој уругвајската легенда Форлан се прости од активното играње фудбал.

Старите мајстори покажаа дека иако физички не се подговени, и тоа како знаат да играат фудбал. Аргентинецот Рикелме кој сега е потпретседател на Бока јуниорс, цела кариера носеше дрес со бројот 10, но бидејќи Форлан ја имаше десетката, Роман беше со бројот 7 на грбот.

Мечот заврши 6-6, заиграа најголем дел од репрезентативците на Уругвај од СП 2010, имаше и многу легендарни Аргентинци, неизбежни беа и огномет и музички ѕвезди од тој регион.

Напаѓачот Луис Суарес кој е страв и трепет за голманите и кога игра за Барселона и за Уругвај, овојпат се појави во улога на голман.

https://www.youtube.com/watch?v=IZnewPgSItc

- Оглас -

Најнови вести