Диего Коста се враќа во Европа и потпишува за еден од најлошите клубови од топ 5 лигите

Диего Коста изминативе пет месеци ги мина како играч на Атлетико Минеиро, каде што по 50 години пауза овој тим дојде до титулата, а тој беше еден од најзаслужните.

Иако се шпекулираше дека Коста ќе остане во Бразил и ќе потпише за друг клуб, сепак, во последните денови се случи пресврт и натурализираниот Шпанец е на пат кон Италија.

Тој во наредните денови треба да потпише договор со најслабиот тим во Серија А, екипата на Салернитана, а сето тоа ќе се случи благодарение на добрите односи со спортскиот директор на овој тим, Валтер Сабатини.

Коста ќе потпише договор до крајот на сезоната, а како што е познато, за овој клуб игра и Франк Рибери.

Сепак, нема воопшто да ѝ биде лесно на Салернитана да обезбеди опстанок бидејќи има само 10 бода од 22 одиграни натпревари и се наоѓа на последното место.

 

- Оглас -

Најнови вести