Дијамантот блеска, Орлите од Португалија пак ќе се обидат да го грабнат од Наполи

Бенфика не успеа во првиот обид лани да го донесе Елиф Еламс во своите редови, но двојниот европски првак не се откажува, објавија португалските медиуми.

Елмас игра извонредно пред настапот со Македонија на Европското првенство и очекувано е што за него интересот е голем.

„Во декември Бенфика не успеа да го ангажира Елмас, но Орлите нема да се откажат. Вредноста му е околу 17 милиони евра, но тоа е само на хартија. Има договор со Наполи до 2025 година што ќе му ја зголеми цената. Секако треба да се смета и на настапот на Европското првенство, а како игра моментно цената ќе му расте“, пишуваат португалските новинари.

Елмас има нов тренер во Наполи, кормилото го презеде Лучијано Спалети, па и од него зависат многу работи околу евентуален трансфер на Елиф во нов клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести