Дијас го спаси Ливерпул од пораз и им порача на киднаперите да го ослободат неговиот татко (Видео)

Ливерпул успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Лутон и тоа благодарение на голот нна Луис Дијас во судиското продолжение играјќи 1:1.

Црвените го слават играчот на кого мислите не му се на фудбалот туку кон неговиот татко кој сè уште се држи како заложник во Колумбија.

Менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, немаше друг избор, во финишот мораше да го внесе во игра Луис Дијас бидејќи Лутон од 80-та минута имаше водство од 1:0 благодарение на голот на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Тахит Чонг.

Дијас во 96-та минута успеа да постигне гол за 1:1 и да го спаси Ливерпул од пораз.Тој при прославата на постигнатиот гол им прати порака на киднаперите да го пуштат неговиот татко.
„Ослободете го мојот татко“, пишуваше на маичката под дресот на Дијас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести