Дијас налето си оди од Ливерпул и се сели во Ла Лига?!

Колумбискиот репрезентативец Луис Дијас, кој одигра одлично за Ливерпул во неделното дерби против Манчестер сити, но промашувањата може скапо да го чинат бидејќи налето може да биде ставен на трансфер-листата.

Колумбискиот весник „Ел Хералдо“ пишува дека Дијас се наоѓа пред трансфер во Барселона откако управата на Ливерпул ја одреди цената за која е подготвена да го пушти фудбалерот да си оди.

Според весникот, Ливерпул за да се раздели со Дијас бара најмалку 120 милиони евра отштета и сериозен интерес пројавува Барселона.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, веќе имал средба со агентите на Дијас, која наводно поминала во позитивна атмосфера, но проблем за каталонскиот тим ќе претставува како да се плати отштетата бидејќи се наоѓа во финансиска криза.

- Оглас -

Најнови вести