Дик Адвокат со рекорд во Холандија, но тешко дека некој друг во цела Европа може да се пофали со неговиот подвиг

Тренерот на Феенорд Дик Адвокат постави еден необичен рекорд во холандското првенство. Тој е првиот стратег кој работел во пет разчични декади како тренер во Холандија. Кариерата на Адвокат започна пред крајот на 80-тите години на минатиот век, кога беше на чело на Харлем. Во 90-тите го водеше ПСВ Ајндховен, а на почетокот на 21 век беше на клупата на Ал Алкмар.

Во периодот од 2010 до 2019 повторно работеше во Холандија и тоа во ПСВ, Аз Алкмар, Спарта и Утрехт. Потоа застана на чело на Феенорд каде уште е на клупата, а со вчерашната победа од 3:1 против Херенвен, Адвокат на најдобар можен начин го прослави рекордот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести