Димитар Митровски има „топ“ во нозете, ја искина мрежата на Авеш (Видео)

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски активно учествуваше во победата на младиот тим (за играчи до 23 години) на Спортинг Лисабон против Авеш од 4-0, и тоа со најубавиот гол на средбата.

Митровски, кој има 20 години, во игра влезе во 65-та минута, а во 90-та ја запечати победата на тимот од Лисабон со топовски удар. По едно одбивање, топката „му легна“ и со шут од надвор од 16-никот го погоди горниот агол.

Погледнете го погодокот на Митровски:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести