6.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Димитриевски блесна на голот, Валенсија победи на гости во Мадрид

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски бранеше за Валенсија на гостувањето кај Хатафе и е еден од најзаслужните за победата на неговиот тим од 1:0. Хетафе имаше поголем посед на топка, домаќините упатија девет шута кон голот на Димитриевски, изведоа девет корнери, но не успеаа да го совладаат македонскиот голман.

Во второто полувреме Димитриевски се пожали и на мала повреда, но воопшто не се двоумеше дека треба да продолжи да брани и да го води својот тим до победа.

Ова е трет меч во последниве 9 дена на кои Димитриевски брани, а Валенсија има победа во Купот (2:0), реми со Елче дома (1:1) и сега триумф над Хетафе во мадридското предградје со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести